| четврток, 6 декември 2018 |

Тања Кочовска-Павловска: Најважно во животот ми е да работам и да се занимавам со театар

Има мла­ди што се свес­ни де­ка им е по­треб­но мно­гу ра­бо­та. Та­ка и на­ста­пу­ва­ат, са­ка­ат да на­у­чат. Но, има и та­кви што мис­лат де­ка се ве­ќе го­то­ви глум­ци и за нив „не­ма зи­ма“. Па ба­ра­ат спе­ци­јал­ни ус­ло­ви што ме­не не­ма да ми тек­не да ги по­ба­рам. Тре­ба да го зна­ат ре­дос­ле­дот на не­шта­та. Да ја за­чу­ва­ат по­чит­та кон по­ста­ри­те акте­ри. Јас сѐ уште со де­сет очи и уши ги сле­дам и слу­шам по­ста­ри­те акте­ри, кои се­ко­гаш има­ат што да ка­жат, ве­ли Ко­чов­ска

Ге­не­ра­ци­и­те што по­рас­на со прет­ста­ви­те на Та­ња Ко­чов­ска – Пав­лов­ска во Те­а­та­рот за де­ца и мла­дин­ци се­га се до­вол­но во­зрас­ни да го гле­да­ат рас­кош­ни­от актер­ски та­лент на Ко­чов­ска на го­ле­ма­та сце­на на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар (МНТ) во мју­зик­лот „Чи­ка­го“, во „Жи­во­тот е пре­кра­сен“ и во „Тар­тиф“. Ко­чов­ска сѐ уште е член­ка на ТДМ, те­а­та­рот ка­де што ги игра се­ко­гаш акту­ел­ни­те „Пи­пи Дол­ги­от Чо­рап“, „Пат око­лу све­тот“, „Ма­ке­дон­ска при­каз­на“, „Пе­тар Пан“, „Мог­ли“ „Гр­до­то пај­че“, „Вол­шеб­ни­кот од Оз“, „Де­вој­че­то со ки­брит­чи­ња“, но на­ско­ро се оче­ку­ва неј­зи­но пре­фр­лу­ва­ње во на­ци­о­нал­ни­от те­а­тар.

Со пол­ни 50 го­ди­ни, со огром­но те­а­тар­ско и жи­вот­но искус­тво, ме­ѓу­на­род­ни на­гра­ди и без­број нас­ме­вки што ги из­ма­ми­ла на ли­ца­та, Ко­чов­ска е при­мер за мла­ди­те ко­ле­ги ка­ко се са­ка и се це­ни ра­бо­та­та. Се­кое вло­жу­ва­ње се исп­ла­ти, за­тоа и ре­жи­се­ри­те од свет­ски ка­ли­бар ка­ко Але­ксан­дар Мор­фов и Га­лин Сто­ев ја по­ви­каа да би­де дел од нив­ни­те прет­ста­ви. За неа ве­лат, до­вол­но е са­мо да се по­ја­ви на сце­на. Ама са­ма знае кол­ку труд е вло­же­но во се­ко­ја уло­га што ја тол­ку­ва.

Кол­ку гол­го­ти тре­ба да се по­ми­нат во жи­во­тот за да се ста­са та­му ка­де што сте се­га на про­фе­си­о­на­лен план?

КОЧОВСКА: Мно­гу. И тие се се­којд­нев­ни гол­го­ти. По­себ­но ко­га ста­ну­ва збор за ра­бо­та, би­деј­ќи тоа е про­цес. На­ви­дум глу­ме­ње­то е ед­но­став­но, но е мно­гу спе­ци­фич­но и те­шко. За­тоа и на пом­ла­ди­те ко­ле­ги по­сто­ја­но им го­во­рам де­ка тре­ба мно­гу да се ра­бо­ти. Ете, и да се до­стиг­не ед­но ни­во, тоа тре­ба да се одр­жи. И пак ќе ре­чам, тре­ба мно­гу ра­бо­та.

Ед­на ге­не­ра­ци­ја ве­ќе Ве пре­поз­на­ва ка­ко актер­ка во Те­а­тар за де­ца и мла­дин­ци, ама се­га таа по­во­зрас­на­та по­втор­но Ве откри­ва ка­ко актер­ка, но на сце­на­та на МНТ. Но, што е со таа мла­дин­ска­та ге­не­ра­ци­ја?

КОЧОВСКА: Ние во ТДМ има­ме мла­дин­ска сце­на. Таа тре­ба­ше на­вре­ме да се етаб­ли­ра за да мо­же мла­дин­ци­те, кои се во не­ко­ја ме­ѓу­во­зраст, да има­ат што да гле­да­ат. Тие пр­во до­а­ѓа­ат во ТДМ и гле­да­ат дет­ски прет­ста­ви­па, по­тоа вед­наш се на сце­на за во­зрас­ни. Да би­дам искре­на, во дет­ски­те прет­ста­ви по­ве­ќе играм за во­зрас­ни­те. На еден на­чин играм двос­мис­ле­но, за во­зрас­ни­те, но и де­ца­та да ме раз­бе­рат. Мла­дин­ски­те прет­ста­ви би тре­ба­ло да се игра­ат во одре­де­ни де­но­ви. Ко­га поч­нав да играм на сце­на­та на МНТ пр­во мис­лев де­ка ќе мо­ра по­втор­но да се до­ка­жу­вам ка­ко актер. Единс­тве­но што ми оста­на е Бог и мо­ја­та ра­бо­та и по­чув­ству­вав де­ка, на­ви­сти­на, не­мам по­тре­ба да се до­ка­жу­вам. Ста­ну­ва збор за 23 го­ди­ни ма­ко­трп­на ра­бо­та.

Tanja Kocevska (5) (Custom)

Тре­ба мно­гу го­ди­ни ра­бо­та за да мо­жеш да ре­чеш де­ка ста­бил­но сто­иш со две­те но­зе цвр­сто на зем­ја, вели Кочовска-Павловска

Мал­ку­ми­на зна­ат де­ка Ва­ши­те по­че­то­ци се на сце­на­та на Драм­ски. Што Ве на­те­ра се­га да дој­де­те во МНТ?

КОЧОВСКА: Офи­ци­јал­но, јас сѐ уште не сум член на МНТ. Ќе ви­ди­ме што ќе се слу­чу­ва. Дол­го вре­ме се мис­лев што да пра­вам. Јас израс­нав во ТДМ. Ме­ѓу­тоа, ре­шив­ме со Пре­драг ко­га ве­ќе па­ти­шта­та нѐ во­дат на дру­га стра­на, да ис­про­ба­ме и не­што дру­го. Утре да не ни би­де кри­во. Оста­вам ка­ко ќе се на­ре­дат коц­ки­те.

Да­ли во пом­ла­ди­те акте­ри на ТДМ гле­да­те Ваш нас­лед­ник?

КОЧОВСКА: Да. Ни­ко­гаш не се ста­вам на пи­е­де­стал во од­нос на тоа што сум го на­пра­ви­ла. Да, свес­на сум за сѐ, но тоа но­си мно­гу об­вр­ски, одре­ку­ва­ња, ба­гаж плус. Мно­гу е те­шко се­то тоа што си на­пра­вил, да го одр­жиш. Ние не сме глум­ци за ед­на го­ди­на или две, ту­ку за цел жи­вот. Тре­ба мно­гу го­ди­ни ра­бо­та за да мо­жеш да ре­чеш де­ка ста­бил­но сто­иш со две­те но­зе цвр­сто на зем­ја. Се­кој нов про­ект ба­ра мно­гу ра­бо­та. Се ра­бо­ти цел жи­вот. И мно­гу е важ­но да се по­чи­ту­ва не­чи­ја ра­бо­та. Се­ко­гаш ап­ла­у­зот е до­бре­дој­ден, но гол­го­та­та е го­ле­ма.

Отсе­ко­гаш сте ва­же­ле за го­лем ра­бот­ник. Ка­ко ус­пе­ва­те да би­де­те дис­цип­ли­ни­ра­на и по 25 го­ди­ни ра­бо­та?

КОЧОВСКА: Па, ве­ро­јат­но, та­ка се ра­ѓаш и та­ка жи­ве­еш цел жи­вот. Од тоа не­ма бе­га­ње. По­треб­ни се го­ле­ма од­го­вор­ност и ра­бо­та. Јас и по тол­ку го­ди­ни сѐ уште не сум пр­ве­нец на те­а­та­рот, во од­нос на пла­та­та. Но, ни­ко­гаш не ги за­гу­бив ен­ту­зи­јаз­мот и жел­ба­та за ра­бо­та за да го по­стиг­нам ма­кси­му­мот. Сум ра­бо­те­ла на мно­гу про­е­кти и би мо­же­ла да ка­жам: ех, ова е лес­но. Но, не е та­ка. Се­ко­гаш поч­ну­ваш од по­че­ток. Се­ко­гаш си на ис­пит.

Што има­те да им по­ра­ча­те на мла­ди­те акте­ри?

КОЧОВСКА: Има мла­ди што се свес­ни де­ка им е по­треб­но мно­гу ра­бо­та. Та­ка и на­ста­пу­ва­ат, са­ка­ат да на­у­чат. Но, има и та­кви што мис­лат де­ка се ве­ќе го­то­ви глум­ци и за нив „не­ма зи­ма“. Па ба­ра­ат спе­ци­јал­ни ус­ло­ви што ме­не не­ма да ми тек­не да ги по­ба­рам. Тре­ба да го зна­ат ре­дос­ле­дот на не­шта­та. Да ја за­чу­ва­ат по­чит­та кон по­ста­ри­те акте­ри. Јас сѐ уште со де­сет очи и уши ги сле­дам и слу­шам по­ста­ри­те акте­ри, кои се­ко­гаш има­ат што да ка­жат. На тој на­чин цр­пам од нив. Си­те на таа во­зраст сме би­ле пол­ни со се­бе и мис­лев­ме де­ка од нас поч­ну­ва те­а­та­рот. Но, не е та­ка! Не поч­ну­ва од ни­ко­го. Се знае ко­га поч­нал те­а­та­рот. Се­га ние тре­ба да ја про­дол­жи­ме таа ни­тка. Си­те ние сме до­не­ле не­што свое. Ме­ѓу мла­ди­те има фан­та­стич­ни акте­ри и јас учам од нив. Ме­ѓу акте­ри­те има и та­кви што сме­та­ат де­ка те­а­та­рот поч­нал од нив. Из­ви­ни­те, ама не поч­нал ни од ме­не.

За­до­вол­ни ли сте со по­стиг­на­то­то?

КОЧОВСКА: Јас по при­ро­да сум чо­век што са­ка уште, уште, уште. Бла­го­дар­на сум на сѐ што ми се слу­чи­ло до­се­га. Кај нас има ед­но не­пи­ша­но пра­ви­ло де­ка не­ма мно­гу гри­жа за акте­ри што са­ка­ат да ра­бо­тат и се на­да­ре­ни за не­што. Не са­кам да на­вре­дам ни­ко­го. Бла­го­дар­на сум за шан­си­те што ми би­ле да­де­ни и мис­лам де­ка ги оправ­дав. Ме­не ни­што не ми зна­чи да­ли играм глав­на или спо­ред­на уло­га. Ме­не ми е важ­но да играм. И уло­га­та ќе ја под­го­то­вам ка­ко да е глав­на.Са­кам да ра­бо­там и да се за­ни­ма­вам со те­а­тар. Тоа ми е не­што што ми е глав­но во жи­во­тот и што го са­кам. Се дру­жам со лу­ѓе што ги са­кам. Има­ме при­ја­те­ли од те­а­та­рот, но и та­кви што не се дел од оваа бран­ша. Среќ­ни сме и та­ка си жи­ве­е­ме. Мно­гу са­кам да па­ту­вам. Че­сто и са­ма. Оваа го­ди­на со Ма­ри­ја, ко­ле­шка­та, ре­шив­ме да оди­ме во Мос­ква. Па­ту­ва­ње­то ме хра­ни.

Ви по­ми­ну­ва ли еден ден без сме­е­ње?

КОЧОВСКА: Ме­не се­кој ден ми по­ми­ну­ва со сме­е­ње, ка­ра­ни­ца, сол­зи. Тоа е на­ше­то се­којд­не­вие. Ако еден ден се сме­ам, дру­ги­от ден имам за пла­че­ње. Ни­ко­гаш чо­век не мо­же да се от­пу­шти и да ре­че еве се­га сум за­до­во­лен. Са­кам јас да би­дам од­го­вор­на за мо­и­те по­тре­би.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

(интервјуто е објавено во 238. број на неделникот Република кој излезе во печат на 24.3.2017 година)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top