| четврток, 6 декември 2018 |

Гевгеличани порачаа: Македонија да остане унитарна и заедничка за сите што живеат во неа

Гевгеличани и вечерва излегоа на протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ со порака Македонија да остане унитарна и заедничка за сите што живеат во неа.

– Секоја вечер не има во поголем број на браникот на татковината за да им порачаме на политичарите да носат разумни одлуки за иднината на нашата земја. Не сакаме влада што ќе спроведува туѓа програма, што ќе не разединува и редефинира. Не сакаме тиранска платформа, бинационална држава и нема да дозволиме промена на нејзините национални симболи кои за нас се свети, рече Бошко Петров.

Учесниците на протестниот марш тргнаа од платото пред споменикот на Сава Михајлов, поминаа по главните улици на Гевгелија, пред седиштата на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и маршот го завршија на градското шеталиште.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top