| четврток, 6 декември 2018 |

Протестен марш „За заедничка Македонија“ во Кавадарци

Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија и вечерва организираше протестен марш во Кавадарци. Пред присутните се обрати актерот Диме Коцевски од кавадаречкото село Ваташа.

– Од овде, од ова парче земја на која отсекогаш се раѓале луѓе со револуционерни идеи, порачуваме дека не ја прифаќаме платформата од Тирана и се залагаме за зачувување на унитарноста на Република Македонија, нагласи Коцевски, рецитирајќи ги познатите стихови за непоколебливите дванаесет младинци, кои во минатото беа стрелани од бугарскиот фашистички окупатор.

Протестот традиционално почна пред новоизградената црква „Света Петка” во новиот центар, преку улицата „Илинденска” во централното градско подрачје. На градскиот плоштад пред општинската зграда беа пуштани и револуционерни патриотски песни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top