| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжуваат протестите на иницијативата За заедничка Македонија (ВИДЕО)

Продолжуваат протестите на иницијативата За заедничка Македонија, а денеска дел од нив ќе бидат и пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, утре пак пред штабот на СДСМ, најавија членовите на иницијативниот одбор.

– Денеска, на 29. ден од почетокот на нашите протестни маршеви, тиранската коалиција на СДСМ сака да почне да ја спроведува платформата која  беше потпишана на масата на премиерот на Република Албанија. Затоа во оваа исклучително важна недела ќе ги повториме нашите барања до најголемите политички чинители во Република Македонија по редослед согласно епилогот на последните избори. Денеска се собираме пред Влада, тргнуваме пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа се собираме пред Собрание. Утре рутата ќе биде собирање пред Влада, Собрание, па потоа Бихаќка – рече Богдан Илиевски.

Тој нагласи дека ќе ги потсетат политичките партии што бараат и дека не смеат да гласаат  претседател на Собранието кој не ја отфрлил тиранската платформа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top