| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците открија како изгледал човек кој живеел пред 700 години

Британски истражувачи го открија лицето на човекот, чие име е познато како Контекст 958, а кој живеел во 13-от век, пишува „Њузер“.

Експертите на Фестивалот за наука во Кембриџ претставија лице кое е реконструирано врз основа на коските на черепот. Тој бил низок по раст и живеел во сиромаштија.

Научниците неговото лице го реконструираа во рамките на проектот „По чумата“, кој се занимавал со истражување на скелети пронајдени во средновекововен гроб под една од зградите на Универзитетот во Кембриџ.

133627868

Телата кои поттекнуваат од периодот меѓу 1200 и 1400 година биле погребани сроти болницата „Свети Јован Богослов“.

Контекст 958 имал нешто повеќе од 40 години и силен скелет со оштетување, што најверојатно значи дека работел тешка физичка работа. За разлика од другите сиромашни современици, тој јадел месо и риба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top