Иако немаше што важно да соопшти, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, доби простор во непријателската Канал 5 и тоа во ударните вести. Во кусото ТВ-интервју Заев ги повтори своите позиции дека не отстапува од Тиранската платформа, ја потврди информацијата на „Република“ дека ја изиграл Беса и со ДУИ договорил претседател на Собранието да биде Талат Џафери, но меѓу другото зборуваше и за својата македонштина. Во стихови.
Во поетски занес Зоран од Муртино во ударните вести на Канал 5 ја парафеазира својата стихотворба објавена на профилот на Фејсбук пред две години, која ја пренесоа во целост тогаш медиумите кои работат под директна контрола на СДСМ и Сорос:
„Ако ми скинете жица од гитарата, ќе ја променам и ќе продолжам да свирам.
Ако посегнете по жицата на која жена ми спростира алишта, ќе протегнам нова.
Ако пуштите ветришта во жиците кои влегуваат во мојата куќа, ќе го барам и ќе го најдам чаерето.
Можете да правите што ви душа сака со сите важни и неважни жици во мојот живот.
Но како Господ Ве молам…
НЕ ГИБАЈТЕ МИ ЈА ЖИЦАТА МАКЕДОНСКА ОТИ ИЗГУБЕН ВО ВРЕМЕТО, БИ ГО БАРАЛ СЕМЕТО ОДЕЈЌИ ПО ЖИЦA“.
По вестите се јавија многу загрижени граѓани кои не знаат што да мислат за човекот кој претендира да стане премиер и смета дека прородно го заслужува мандатот кој „неправедно“ не му е доделен. Исто така, би било добро, сметаат тие, Заев да избере место и време и на поетска седенка на граѓаните да им ја доближи својата поезија преку рецитирање и коментирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)