Измамничките потези на лидерот на СДСМ Зоран Заев се во игра. Ја измами Беса во корист на ДУИ. Уште во почетоткот на месецов Република објави дека Заев договорил со ДУИ претседател на Собранието да биде Талат Џафери, кој ќе дојде на таа позиција со измама, преку гласање за Оливер Спасовски, кој подоцна, отккао ќе се формира влада, ќе се откаже во корист на Џафери. Подоцна, нашите информации ги потврди портпаролот на ДУИ Бујар Османи, кој реќе дека Талат Џафери е единствениот кандидат за спикерското столче на СДСМ и на ДУИ и на Алијансата за Албанците, а вчера во ТВ-интервју на „Канал 5“ истото го потврди и самиот Заев.
Бујар Османи ги потврди информациите на „Република“ – Талат Џафери ќе биде претседател на Собранието
Истакнувајќи дека Џафери е кандидат со најголема шанса за претседател на Собранието, кој, според Заев, е личност со поголемо искуство во работењето на македонското собрание во споредба со другите кандидати за спикерското столче.
Оттука Заев повторно покажа дека фаворизира само една партија, односно само еден кандидат, иако во својата коалиција ја има и БЕСА, која веќе најави дека ќе излезе со свој кандидат за претседател на Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)