Растат апетитите на албанските партии за да ѝ дадат поддршка на владата на Заев. Беса има свој услов и бара брза реализација на своите барања. За да го прифати заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ за претседател на Собранието, Талат Џафери, Беса не само што бара Заев да ѝ обезбеди еднаков број министерски места колку што ќе добие и ДУИ, туку и ресорите да бидат со иста тежина. Според Беса за Џафери да биде избран за претседател на парламентот со 67 гласа, односно да ја добие поддршката на целото парламентарно мнозинство, СДСМ треба да им даде гарнции за спроведување и да им го испорача делот од владиониот колач.
Во пресрет на денешното продолжение на конститутивната седница, на која на дневен ред се изборот на Kомисијата за избори и именувања и изборот на нов претседател на Собранието, викендов на релација раководства на Беса и на СДСМ имало интензивна комуникација и средби за Заев да ги обезбеди и гласовите на Беса за изборот на Џафери.
– Викендов сме во координација и средби со Заев и со претставници на СДСМ. Чекаме одговор на нашата понуда. За да гласаме Џафери да биде новиот претседател на Собранието, треба да добиеме гаранции од Заев за спроведување на нашата изборна платформа и за поделбата на владиниот колач. Бараме еднаков број министри, заменик-министри, државни секретари и директорски позиции со тие на ДУИ. Но, да има и еднаква тежина на ресорите со кои ќе раководат ДУИ и Беса. Без гаранции за нашите барања, нема да го поддржиме Џафери за претседател на парламентот и нема да бидеме дел од владата, изјави висок функционер од Беса.
Со ова барање на Беса Заев заглиба уште подлабоко во должничката коалициска кал. Цената за услугата што му ја направија Албанците вртоглаво расте и тој е доведен во шах-мат позиција. За да може да го исполни договорот со Ахмети, од кого му зависат 10 гласа, Заев ќе мора да ѝ удоволи и на Беса, а доколку Заев ги исполни барањата на Беса, сѐ повеќе е веројатно дека албанските претставници ќе добијат мнозинство во владата наспроти македонските министри кои треба да дојдат од неговата партија. Ова докажува и дека Заев договорот за претседател на Собранието на Република Македонија го направил единствено во договор со ДУИ, без да бидат земени предвид мислењата на останатите негови коалициони партнери. За жал, за очекување е Заев да повлекува измамнички потези и оваа измамничка игра, во која ги измами Беса во корист на ДУИ не е воопшто изненадување. Тоа е одлика која често го следи лидерот на СДСМ со оглед на тоа дека тој на ваков начин, без да се консултира со своите сопартијци сам или со неколкумина нему блиски, донесува важни одлуки од името на целата партија, по што најчесто наидува на осуда од своите.
Доколку нема договор меѓу СДСМ и Беса, извесно е дека партијата на Kасами нема да гласа за Талат Џафери да биде новиот собраниски спикер. Од партијата не ја исклучуваат можноста тие да одат со свој кандидат за претседател, бидејќи за тоа веќе имаат одлука на Централното претседателство.
Потврда дека Талат Џафери е единствениот кандидат за спикерското столче на СДСМ И ДУИ и на „Алијансата за Албанците“ даде и портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, а вчера во ТВ-интервју на Канал 5 го потврди и самиот Заев.
За апетитите на Билал Касими да има ист број министри со ДУИ од партијата на Ахмети самуверено тврдат дека позициите за поделба на владиниот колач се јасни ако се знае дека без Беса има влада, но не и без ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)