| четврток, 6 декември 2018 |

Буфон: подготвен сум да одиграм 2.000 натпревари

bufon

Иако има 39 години и рекордни 1.000 натпревари зад своето име, Џанлуиџи Буфон по се изгледа не сака да ја прекине својата фудбалска приказна во блиска иднина. Дури и порача дека е спремен да одигра уште толку, што се разбира не е возможно, бидејќи ќе треба да игра до својата 60. година.

Но, на својот Твитер профил покажа натпреварувачки дух и им се заблагодари на сите следбеници за неизмерната поддршка со пораката:

„Благодарност до сите што бевте неверојатни кон мене во изминатите години. Ви Благодарам! Ви ветувам дека ќе се обидам да бидам во форма, кога ќе стигнам до 2.000 натпревари“.

dzidzi bufon

Ветеранот во екипата на Јувентус има договор до јуни наредната година, а не ја крие желбата дека сака да се пензионира по Мундијалот во Русија 2018.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top