| четврток, 6 декември 2018 |

Борба на миланските гиганти за потписот на Јаја Туре

jaja ture

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити не му понуди нов договор на Јаја Туре, па интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска сигурно ќе го напушти „Етихад“ на крајот од оваа сезона. За него постои сериозен интерес од неколку клубови од Кина, но тој сака и понатаму да остане во Европа. Оттаму можеби како прва опција се наметнува Италија, каде за Јаја Туре се интересираат двата клуба од Милано, Интер и Милан.

Неговиот агент Димитри Селук истакна дека за играчот за врска се уште постои интерес од големите европски клубови, а дека Јаја Туре не би имал ништо против дури и да се пресели на „Олд трафорд“. Сепак, тоа засега не е реална опција, туку преселба во Италија и потпис за еден од двата милански клуба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top