| четврток, 6 декември 2018 |

Цел автобус полн патници „за влакно“ избегна да не пропадне во џиновска дупка на пат (Видео)

Дупка широка неколку метри се отвори на патот во кинескиот град Нанин, буквално пред автобус кој за миг успел да ја избегне трагедијата и полн со патници да не пропадне во големата дупка.

Настанот е снимен од неколку камери, а на Јутуб каналот на кинескиот портал „Пиплс Дејли“ се појави и видео од оваа случка за рубриките „Верувале или не“.

На снимките јасно се забележува тресокот и катастрофата што патниците „за влакно“ ја избегнале. За среќа, возачот навреме ја проценил опасноста и во вистинскиот момент нагазил на педалата за гас. Зад тој автобус имало и друг, којшто пак, ја избегнал несреќата бидејќи возачот навреме запрел.

Извештаите велат дека нема човечки жртви, а улицата се санира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top