Станува збор за Џастин Бибер, кој денес има 23 години и од тинејџерска ѕвезда пред очите на јавноста порасна во вистински професионалец. Но, ова не би било така доколку неговата мајка Пери Малет на 17 години не ја донела вистинската одлука и одбила да абортира. Пети пред бременоста била сексуално злоупотребена.
По силувањето таа чувствувала срам, се обвинувала себеси, се дрогирала, а поради сѐ што се случило, се обидела и да се самоубие. Истата тешка година останува и бремена, а додека сите ја охрабрувале да абортира, таа решила да го задржи детето, кое денес е Џастин Бибер. Своето најлошо животно искуство, но и најпаметната одлука ги раскажува во книга која седум дена по објавувањето стана бестселер на „Њујорк тајмс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.