Под овие услови нема да има стабилен парламент. Не само соодносот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, туку и соодносот меѓу бројот на пратеници кај албанските партии не гарантира стабилен парламент, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, кој утре на пленарна седница ќе биде избран за претседател на Комисијата за прашањата за изборите и именувањата.
Ситуацијата се затегнува во пресрет на утрешната седница. ДУИ излезе со Талат Џафери за свој кандидат за прв човек на Собранието, но и Беса најави дека има кандидат. Тоа значи дека нема согласност во самата коалиција за која се очекува да функционира.
-Соодносите меѓу партиите во македонскиот блок, но и во албанскиот не гаранитраат стабилен парламет, а оваа тензична атмосфера која ја има денеска, ќе ја гледаме и во иднина во Собранието. Затоа, и заради многу други причини кои сме ги збореле, заради Тиранската платформа, заради протестите на граѓаните, заради постизборната измама, тргнавме со ставот дека треба предвремени избори. Да се одговореше позитивно на нашето прво барање за предвремени зибори, ние сега ќе бевме во изборна кампања и ќе имавме 10-20 дена до момент кога граѓаните ќе ја расчистат целата дилема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.