| четврток, 6 декември 2018 |

Луѓе повраќале и паѓале во несвест – филм кој не може да го гледа секој (+18 ВИДЕО)

Францускиот филм „Grave“, во кој една вегетаријанка почнува да јаде човеково месо и потоа се претвора во канибал, беше прикажан на филмскиот фестивал во Кан.

Но, откако филмот почна да се прикажува во кината во САД и Канада под насловот „Raw“ (Сирово) се проширија информации за шокантни сцени кои предизвикуваа непријатни чувства кај гледачите.

Првите „проблеми“ со филмот се појавиле на филмскиот фестивал во Торонто.

Неколкумина гледачи се онесвестиле поради сцената во која главните ликови јадат човеково месо, па итната помош морала да интервенира.

Токму затоа киното „The Nuart Theatre“ во Лос Анџелес на гледачите им понуди ќесички за повраќање при прикажувањето на филмот.

Според менаџерите на киното ова бил многу добар потег затоа што многу гледачи имале потреба од ќесичките.

Режисер на филмот е Французинката Јулиа Декоурнај, а главните улоги ги толкуваат  Гарансе Марилиер, Ела Румф и Рабах Наит Оуфел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top