Изборот на фирма што ќе го гради новиот Клинички центар во Скопје е во период на „стенд стил“, комисијата ја води постапката во согласност со прецедурите и за секој чекор и одлука добива одобрение од стручен тим на банката за развој при Советот на Европа, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
– Постапката за избор на фирма е во период на „стенд стил“, што значи дека сите незадоволни фирми можат да достават жалба. Таа ќе биде разгледана и од комисијата и од банката. За секој чекор на комисијата, банката дава согласност. Сепак, станува збор за банка на Советот на Европа и не верувам дека можат да направат таков превид и да дозволат фирма што има негативен бонитет да биде избрана за изведувач – изјави Тодоров на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.
Нагласи дека станува збор за конзорциум од повеќе фирми, меѓу кои и двете најголеми македонски градежни компании „Бетон“ и „Гранит“.
– Да почекаме да се заврши целата процедура и да видиме што ќе донесе целата постапка. Експерти од банката се вклучени и таа дава одобрение на секој чекор и можноста за грешка тука е ставена на минимум. Сепак, ова е најголемиот проект во историјата на македонското здравство и нема да дозволиме да бидат прекршени процедурите – изјави Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот клинички центар се сели локациски – наместо во Бардовци на влез во Скопје
-
Никола Тодоров сведочи за настаните на 27 април
-
Банката на Советот на Европа ќе си ги добие назад 70 милиони евра: Владата се откажа од проектот за Клинички центар во Бардовци
-
Нов клинички центар ќе се гради на територијата на општина Карпош