Астрологот Душан Величковиќ тврди дека после разводот на Наташа Беквалац и Љубо Јовановиќ уште два естрадни пара ќе се разведат. Тој прогнозира дека ќе се разделат Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, како и Ана Кокиќ и Никола Раџен.
-Јелена и Душко мора да се разведат, кога тогаш. Многу се сакаат, но тоа не е доволно за брак. Нивната љубов е кармичка – вели Величковиќ.
-Таа е емоционално незрела, се е можно, па и трет брак. Јелена има проблем со мажите. На неа не и годи машката енергија. Таа функционира со Душко бидејќи не живеат заедно, а кога тој ќе се врати од Турција, Јелена ќе направи лом. Душко е прекрасна личност, но нема да може да издржи со Јелена. Неа пак тој скандал ќе ја издигне во кариерата – вели Величковиќ.
Светла иднина не ги чека ни Ана Кокиќ и Никола Раџен.
-Ана и Раџен имаат проклетство бидејќи премногу се слични. Тие се како две леви чевела. Тие двајцата се емотивно незрели и несериозни. Двајцата се надеваат дека другата личност ќе се грижи за него. Нивниот брак е создаден од некоја математика, но сфатиле дека се зафркнале – вели Дишан и додава дека до разводот може да дојде веќе оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.