Репрезентацијата на Шведска триумфираше со убедливи 4-0 против Белорисија во Групата А, во квалификациите за СП 2018. Македонската репрезентација токму против Белорусија ќе игра пријателски натпревар на 28. март во Скопје.
Швеѓаните без поголеми проблеми стигнаа до триумфот, најавувајќи го уште во 19. минута со голот на Форсберг од пенал. Истиот играч во 49. минута зголеми на 2-0, а потоа стрелаа и Берг и Телин.
Швајцарија се мачеше против Летонија, но сепак успеа да стигне до триумф од 1-0 благодарение на голот на Дрмиќ во 66. минута кој влезе во игра само неколку секунди претходно. До крајот на мечот Швајцарија имаше уште неколку шанси за зголемување на водството, но напаѓачите брзоплето реагираа во самата завршница.
Селекцијата на БиХ, пак, во Групата Х сосема очекува стигна до триумф од 5-0 против Гибралтар.
Во останатите два натпревари кои се играа од 18 часот, без голови ремизираа Кипар со Естонија и Андора против Фарските острови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)