Познатиот српски аналитичар и научен работник, Миша Ѓурковиќ, во емисијата Геополитика за српската телевизија- Новосадска телевизија, ја анализира политичката ситуација во Македонија и веројатноста со прифаќањето и реализирањето на Тиранската платформа од страна на Заев да се федерализира државата и во крајна фаза да дојде до распад на Македонија.
Ѓурковиќ анализира дека Тиранската платформа и еден дел од тоа што Заев и СДСМ во својата кампања го имаа е всушност уставно редефинирање на Македонија, во смисла полна конститутивност на Албанците и на некој начин претворање на Македонија од еднонационална држава – држава на Македонците со елементи за малцинствата, каде Албанците со 25% се номинално најголемо малцинство, во нешто што би требало да биде ситуација во која треба да имаме два конститутивни народи: Македонци и Албанци, каде албанскиот јазик би бил рамноправен, односно официјален на целата територија. Според него веднаш по наредните локални избори би се формирала и некој вид „Заедница на Албански општини“, во Западна Македонија, која би била основа за градење на федерална Македонија, а тоа е основ за растурање на таа држава во иднина.
Тој објаснува дека кризата всушност почнала да се подготвува уште во 2009 година, додека вистински започнала да ескалира во 2014 година. Кога опозицијата не прифати да влезе во Парламентот. Од тогаш тие започнале со методите на „Вон парламентарни борба“, со огромна помош пред се од големи странските сили и некои соседни сили кои имаат прилично јасни претензии кон територијата на Македонија. Ѓурковиќ продолжува: „Целата таа криза доби, голем дел на различни усложувања и морам да кажам дека начинот на кој ВМРО и господинот Груевски се борат со тој вид на надворешна дестабилизација преку внатрешни фактори, вклучувајќи и политички и етнички фактор, т.е. тоа е албанскиот фактор таму. Доста, како да кажам доста изненадувачки и за секоја пофалба е имајќи в предвид колкава сила удира врз нив и колку долго луѓето се борат околу тоа.“
Ѓурковиќ заклучува дека сега буквално се води битка дали Македонија ќе преживее како унитарна држава.
– Денес да пробам тоа да го сумирам, буквално се води битка дали ќе преживее Македонија како унитарна држава во која Македонците имаат доминантна улога или полека ќе се редефинира во правец на нејзиниот распад во кој кога тогаш Албанците би го отцепиле својот дел и би го приклучиле на Албанија, а со другиот дел прашање е што би било со него, тешко дека би преживеал како самостојна целина, некој други соседи кои имаат претензии веројатно би пробале да го припојат кон себе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)