Распаѓањето на Европската унија може да предизвика војна на Западен Балкан, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“.
Јункер истакна дека за време на посетата на заменик-претседателот на САД, Мајкл Пенс на Брисел му го кажал следното прдупредување: „Му посочив на вицепремиерот – Не го зборувајте тоа, не ги повикувајте другите да ја напуштат ЕУ, затоа што ако ЕУ се распадне ќе имаме нова војна на Западен Балкан, рече тој, коментирајќи го претстојното излегување на Велика Британија од Унијата.
– Ако ги оставите сами, Босна и Херцеговцина, Република Српска, Македонија, Албанија, сите тие земји, ќе имаме нова војна, додаде Јункер.
– Луѓето ммислам дека со излегувањето на Велика Британија од ЕУ се завршува. Не тоа е само почетокот. нагласи Јункер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.