| четврток, 6 декември 2018 |

Старт за затвор, Тејлор му ја скрши ногата на Колмен (видео)

skrsena noga

Нил Тејлор заслужува долга суспензија од фудбалските терени поради бруталниот старт во второто полувреме од дуелот Република Ирска – Велс, со кој гостинскиот играч му нанесе тешка повреда на Симус Колмен.

Десниот бек на Ирците остана да лежи на теренот и мораше на носилки да биде изнесен, а според првичните информации станува збор за скршеница на ногата поради која оваа сезона дефинитивно е завршена за фудбалерот на Евертон.

За вакви стартови, кои можат да завршат кариера на противнички играч, треба да се размисли и за воведување на затворска казна.

Натпреварот заврши без победник 0-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top