| четврток, 6 декември 2018 |

Лесни победи на Шпанија и Италија, фаворитите остануваат во трката за првото место на табелата (видео)

Во преостанатите два натпревари од 5. коло на нашата група за пласман на Светското првенство во Русија сигурни победи остварија селекциите на Италија и Шпанија и останаа израмнети на првата позиција.

spanija

Фудбалерите на Шпанија на „Ел Молинон“ во Хихон славеа сигурна победа од 3-0 (2-0) против Израел од 3-1 (2-0). Црвената фурија дојде рано во водство по голот на Давид Силва во 13. минута, а пред паузата погоди Коста за комотни 2-0. На 3-0 на стартот на вториот дел Коста зголеми на 3-0, а почесниот гол за гостите го постигна Рафаелов во 76. минута. Конечните 4-1 ги постави Иско во 88. минута.

Италија на стадинот „Ренцо Барбера“ во Палермо со победа од 2-0 против Албанија го прослави 1000. настап на капитенот Џиџи Буфон меѓу стативите во неговата кариера и остана израмнета на првото место со Шпанија.

bufon

„Азурите“ доминираа во текот на целиот натпревар, а голот зџа водство од 1-0 го постигне Даниеле Де Роси во 13. минута од пенал. Во вториот дел натпреварот на кратко беше прекинат поради пиротехничко шоу на гостинските фудбалери, за да во продолжение Имобиле зголеми на 2-0, што на крајот беше конечен резултат.

Во следното коло Македонија ја пречекува Шпанија, Италија игра на домашен терен против Лихтенштајн, а Албанија оди во Израел.

Група Г – Резултати (5. коло)

Лихтенштајн – Македонија 0-3, Шпанија – Израел 4-1, Италија – Албанија 2-0

ТАБЕЛА: Шпанија 13 бода, Италија 13, Израел 9, Албанија 6, Македонија 3, Лихтенштан без бодови

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top