Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва по 26. пат одржа протестен марш во Скопје.
Учесниците се движеа од Владата до Собранието на Република Македонија и застанаа пред народната канцеларија на претседателот Иванов и му изразија поддршка за неговите досегашни одлуки. Од иницијативата ги повторија своите барања – безусловно отфрлање на тиранската платформа и зачувување на унитарноста на Македонија.
Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ изрази задоволство што секој ден се повеќе и повеќе Македонци излегуваат на улиците за да кажат дека не си ја даваат државата, не го даваат името, знамето, јазикот, химната, државниот грб. Ова, како што рече, е победа за црвено жолтата-линија која нема да ја поминат.
– Секој еден кој излегол на улица, секој еден носи делче од оваа победа и секој еден е важен, затоа е важно да продолжиме без страв. Излеговме за да го одбраниме она што е наше. Победите ќе продолжат. Дури сме тука нема да се избере претседател на Собранието кој не ја отфрлил тиранската платформа, кој не ја осудил нејзината содржина и суштина. Не сме за двојазична и бинационална држава. Таа држава прво не е фер кон сите други етнички заедници и второ ја поставува Македонија на патот кон кантонизација, федерализација и нејзин престанок да постои, потенцира Илиевски.
Борис Дамовски од иницијативата „За заедничка Македонија“ потсети дека почнале со една објава на социјалната мрежа „Фејсбук“, а, како што рече, се претворивме во река на слободни луѓе, горди луѓе, Македонци кои знаат да ги препознаат валканите трикови.
Етномоузикологот Ивона Опетческа Татарчевска истакна дека со јасна намера, визија и мисла секој ден им порачуваат на политичките лидери да престанат да го манипулираат народот и да излезат да појаснат за што се договарале цело време.
Првенецот на Македонската опера и балет Марјан Јованоски потенцира дека веќе 26 покажуваат и докажуваат оти ова парче земја е наше и не го даваме.
– Имаме само еден јазик – македонскиот. Дваесет и шест дена му докажуваме и покажуваме на целиот свет дека ние имаме само едно знаме, а тоа е црвено-жолто. Имаме само една химна. Ве уверувам дека оваа химна на ниту еден друг јазик не може да звучи како што звучи на македонски, рече Јованоски.
На протестниот марш вечерва имаше градежни работници и градежна оператива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)