Македонија во петтиот натпревар на гостувањето во Вадуц против Лихтенштајн во самиот финиш од првото полувреме успеа да го скриши отпорот на домаќинот и неговата дефанзивна игра со голот на Николов во 43 минута од мечот.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски во крајно офанзивна тактика со дури четири напаѓачи (Пандев, Несторовски, Тричковски и Ибраими) ја имаат контролата на играта во текот на целото полувреме, создадоа неколку полушанси но без конкретен завршен удар.
По продорот од десната страна на Ибраими топката мина низ петерецот на Лихтенштајн, но не успеа да ја зафати никој наш играч, таа стигна до Тричковски кој ја врати во казнетиот простор до слободниот Николов кој од прва со волеј удар упати стратоен идар под пречката на Лихтенштајн за водство од 1-0.
Во второто полувреме со овој резултат „црвено-жолтите“ не би требало да имаат никакаков проблем и полесно можат да стигнат и до повеќе погодоци во мрежата на домаќините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)