| четврток, 6 декември 2018 |

24 март – нема тиранска влада: До тука било вашето, до црвено-жолтата линија! (ФОТО+ВИДЕО)

Илјадници граѓани и денес, 26-ти ден по ред маршираат низ улиците во Скопје и градовите во цела Македонија изразувајќи го своето незадоволство од воведување на двојазичност и федерализирање на Република Македонија. Денес граѓаните децидни испраќаат јасна порака „Победа, на 24 март 2017 нема Тиранска влада“.
Граѓанската иницијатива речиси еден месец одржува протести низ цела Македонија за зачувување на унитарноста на државата и отфрлање на Тиранската платформа, која е вовед во федерализација на Македонија.

Заговорниците на Тиранската платформа рекоа дека до 24 март ќе има влада која ќе функционира според овој срамен документ. Денес е 24 март и благодарение на над 200-те илјади граѓаните кои излгоа на улиците ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, на повеќе од 40 локации, денес во Македонија нема да се формира Тиранска влада.

Ова денеска го изјавија дел од организаторите ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА кои воедно ги повикаа граѓаните масовно како и досега, така и вечерва да се приклучат на протестот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top