| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Мидлтон искрено: Ако на мене, опкружена со дадилки, ми е тешко, тогаш…

kej

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон проговорила за мајчинството и признала дека немала премногу самодоверба во своите родителски способности. Таа признава дека мајчинството може да биде тешко и на некој кој има помош од дадилки и домашни помошнички.

-За мене мајчинството е голема награда и прекрасно искуство. Сепак во некои моменти е преголем предизвик, дури и за мене која имам поддршка и помош која многу мајки ја немаат. И понатаму нема правила, нема исправно и погрешно, едноставно мора да дадете сѐод себе. На многу мајки, па и на мене тоа им предизвикува недостаток на самодоверба. За жал на некои мајки им е потешко да се изборат со своите ментални состојби. Две од 10 жени имаат промена во психичката состојба за време на бременоста и во годините по породувањето, па радоста ја заменува мрак и изолација – рекла Кејт.

Како што вели, основната причина на сите проблеми се превисоките очекувања кои си ги наметнуваме.

-Чувствуваме притисок да бидеме совршени родители, се претвораме дека сѐ е совршено. За мајчинството не треба да се зборува само од убавата страна, туку и од другата, помалку убавата. Тоа што сте побарале помош не е знак на слабост. На нашите деца сме им потребни да се грижиме за нив, поради што и ние треба да  добиеме помош која ни е потребна – заклучила таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top