| четврток, 6 декември 2018 |

Казна од УЕФА за Барселона и за Наполи

Дисциплинската комисија на УЕФА донесе одлука за казна на шпанскиот фудбалски тим Барселона. Причината за која е казнет каталонскиот гигант е однесувањето на играчите и навивачите во текот и по натпреварот од ЛШ против ПСЖ.

Казната е во вредност од 19 илјади евра.Во записникот за казна наведено е влегувањето на навивачите на теренот по натпреварот и поради заработените 5 жолти картони и непримерното однесување од страна на играчите на Барселона.

Поркај Барселона, УЕФА ги казни Наполи со 38 илјади евра поради своите навивачи и Ростов со 16 илјади евра исто така поради навивачите.

Максимална казна од 50 илјади евра заработи Сент Етјен поради непримерното однесување на навивачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top