Фолк пејачот Далибор Ѓошиќ го промовираше вториот сингл од „Ајде сонце зајде“, проект во кој се обработуваат стари македонски народни песни. Станува збор за песната „Стамена“, а на целиот овој проектот работат докажани и признаени музички имиња од Македонија, како Сашо Ливрински, еден од најпознатите македонски композитори, кој се јавува како обработувач на песните, кои ќе се најдат на овој албум.
Пред нешто повеќе од месец и половина, со големата промоција на „Ајде сонце зајде“, првата песна и спот од овој албум, Далибор само најави плодна година, во која дел по дел, ќе биде испромовиран целиот албум. Токму на оваа промоција беше во живо отсвирена песната „Стамена“, а делови од тој настап се искористени во новиот спот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)