На платото пред Домот на културата во Кичево вечерва се одржа протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
– Силата на македонскиот народ кој се обединува е се поголема. Цврство стоиме на ставот за заедничка Македонија и нема место за делби по никакви основи. Сите што сакаат да си поигруваат со државните и национални интереси им порачуваме дека нема да им помине. Овој народ е обединет, народот ја препозна намерата и нема да дозволи разнебитување на нашата држава, во неа има место за сите нејзини граѓани, рече Даме Силјаноски од граѓанската иницијатива.
Повикуваме на сплотеност и на разум, нагласи Силјаноски и додаде оти никој не може против народот.
Мирниот протестен марш продолжи низ улиците на градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.