Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе продолжи да го развива одбранбениот потенцијал на земјата и најави дека стратешките нуклеарни сили ќе бидат опремени со ново оружје.
-Сите видови војска ќе ги снабдиме со опрема и оружје од најнова генерација. Првенствено нуклеарните сили, истакна Путин. Тој додаде дека до 2020 година армијата над 60 проценти ќе биде опремена со модерно оружје, а во поединечни случаи и до 90 отсто. Денешната ситуација бара посебни услови на работа, посебно кога станува збор за оперативни информавии за ситуацијата во нестабилните зони на Блискиот Исток и во Африка, како и во поединечни делови на Азија- наведе Путин.
Тој оцени дека е неопходно да се продолжи со усовршување на стратегијата и тактиката во борбата против тероризмот. Путин истакна и дека Федералната безбедносна служба (ФСБ) добро ја извршува својата работа, посебно кога станува збор за контраразузнавачките работи, борбата против корупцијата и заштита на клучните инфраструктурни објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косовската војска нема да се формира на албанскиот национален празник
-
Косовската влада не отстапува од планост за формирање на војска
-
Бојана ми се жалеше дека свекрвата ја навредува, не се сложуваа – открива мајката на припадничката на војската
-
Како пукала два пати во себе: Семејството не верува дека трудната Бојана се убила пред свадба!