| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Нуклеарните сили ќе бидат опремени со нови оружја

­

путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе продолжи да го развива одбранбениот потенцијал на земјата и најави дека стратешките нуклеарни сили ќе бидат опремени со ново оружје. ­

-Сите видови војска ќе ги снабдиме со опрема и оружје од најнова генерација. Првенствено нуклеарните сили, истакна Путин. Тој додаде дека до 2020 година армијата над 60 проценти ќе биде опремена со модерно оружје, а во поединечни случаи и до 90 отсто. ­ Денешната ситуација бара посебни услови на работа, посебно кога станува збор за оперативни информавии за ситуацијата во нестабилните зони на Блискиот Исток и во Африка, како и во поединечни делови на Азија- наведе Путин.

Тој оцени дека е неопходно да се продолжи со усовршување на стратегијата и тактиката во борбата против тероризмот. Путин истакна и дека Федералната безбедносна служба (ФСБ) добро ја извршува својата работа, посебно кога станува збор за контраразузнавачките работи, борбата против корупцијата и заштита на клучните инфраструктурни објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top