| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО по директива на Заев во целосна офанзива против медиумите (Видео)

Zaev-Katica-640x341

По атакот врз телевизија „Нова“, СЈО по наредба на СДСМ ги продолжува политичките битки на Зоран Заев со медиумите. Тоа што Заев го најави уште во февруари 2016 година, сега Катица Јанева го реализира.

СЈО и Јанева денеска презентираа четири нови истраги, од кои една од истрагите е за фирмата „Тотал“ против физичко лице сопственик на фирмите „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ. Сопственик и управител на компаниите бил новинарот и уредник на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ-Латас.

Тоа што Заев го најави уште во февруари 2016 година, сега Катица Јанева го реализира преку продолжување на политичките битки на Заев со медиумите.

Поради притисокот од СЈО, медиумите што не се под контрола на СДСМ денеска ги спуштија камерите на почетокот од прес-конференцијата во знак на револт поради притисоците и ограничувањето на слободата на говор. Новинарите протестираат против репресијата и притисоците од страна на СЈО врз медиумите. Тие порачуваат дека новинарството не е криминал, а граѓаните имаат право да добиваат точни, навремени и проверени информации.

СДСМ и Заев продолжуваат со репресијата врз медиумите, преку продолжената рака на Заев, СЈО. По неговата изјава дека медиумите му се политички непријатели, веќе е јасно дека Заев ја почнува пресметката со нив и ќе се обиде да затвори сѐ што не е по негова волја.

– Во моментот став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како Сител, Канал 5 , Алфа, Дневник и МРТ – изјави Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top