По разводот со Кејти Холмс, Том Круз немал сериозна врска, но според извори блиски до актерот, тој решил дека е време за промени. Педесет и четиригодишниот Круз има нова љубов, и тоа 26 години помладата актерка Ванеса Кирби, со која во моментот заедно го снимаат шестото продолжение на „Невозможна мисија“.
Актерот првпат ја видел младата актерка во новата серија на „Нетфликс“ – „Круната“, по што успеал да ги убеди продуцентите на „Невозможна мисија 6“, да ја ангажираат.
– Штом таа се појави на сетот сите ја забележаа хемијата меѓу нив – вели изворот.
– Тој ги обожава нејзиниот шарм и енергија. Би сакал да стане госпоѓа Круз – вели изворот, додавајќи дека по смртта на неговата мајка, актерот бил решен да се скраси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.