Во „Порта Македонија“ беа промовирани новите дела од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Промотор на новите дела од оваа едиција беше академик Митко Маџунков, а на промоцијата се обрати и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.
– Проектот „Ѕвезди на светската книжевност“ е културно множество на жанрови од источната култура, старата грчка и римска книжевност, средновековни дела, дела создадени во времето на ренесансата, барокот, класицизмот… 560 литературни преводи на македонски јазик кои ни ги доближуваат културните особености и лингвистичките длабочини на многу автори. Од денеска на македонската читателска публика ѝ се достапни веќе 149 преведени дела од оваа едиција, извонредни остварувања на Петрарка, Булгаков, Дефо, Ружди, Џојс, Леси, Иго, Дикенс, Кавабата и многу други автори, кои се дел од плејадата на великаните што ја испишаа светската книжевна историја – истакна Канческа-Милевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тркалезна маса на „Про-за Балкан“: Преведувачот е клучен за поголема видливост на балканските писатели
-
Четири нови дела од едицијата „Македонски искушенија“
-
Промовирани шест нови книги од едицијата „Македонски искушенија“
-
Девет дела од македонски автори ќе бидат преведени од странски издавачи од пет земји


