| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирани нови дела од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Во „Порта Македонија“ беа промовирани новите дела од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Промотор на новите дела од оваа едиција беше академик Митко Маџунков, а на промоцијата се обрати и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

– Проектот „Ѕвезди на светската книжевност“ е културно множество на жанрови од источната култура, старата грчка и римска книжевност, средновековни дела, дела создадени во времето на ренесансата, барокот, класицизмот… 560 литературни преводи на македонски јазик кои ни ги доближуваат културните особености и лингвистичките длабочини на многу автори. Од денеска на македонската читателска публика ѝ се достапни веќе 149 преведени дела од оваа едиција, извонредни остварувања на Петрарка, Булгаков, Дефо, Ружди, Џојс, Леси, Иго, Дикенс, Кавабата и многу други автори, кои се дел од плејадата на великаните што ја испишаа светската книжевна историја –  истакна Канческа-Милевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top