По завршување на регуларниот дел, АБА-лига ги објави десет најдобри работи кои ја одбележаа оваа сезона. Меѓу нив се најдоа младиот кошаркар на МЗТ Скопје, Андреј Настовски и Карпош Соколи.
Настовски добро ќе ја запамети оваа сезона во АБА лигата. Кошаркарот на МЗТ Скопје, во 25. коло против Будуќност во Подгорица се запиша во историјата на јадранското натпреварување, како најмладиот играч кој се запишал во листата на стрелци. Настовски се најде на осмото место на оваа листа.
Екипата на Карпош Соколи која зад себе има одлична дебитанска сезона се најде на седмата позиција. Го освоија десеттото односно осмото место по 26 одиграни кола. „Карпошовци“ беа одлични на домашен терен, во Скопје паднаа големи имиња како Цедевита, Будуќност…
На првото место се најде рекордната серија на Црвена Звезда од 25-1. Со вкупно 25 победи и само еден пораз, направија апсолутен рекорд на АБА лигата. Во големото, во вечното дерби кое се играше во 21. рунда од лигата, Партизан славеше со 86-81.
Топ 10 листата може да ја видите во продолжение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)