Лукас Подолски не можеше да посака поубав крај на репрезентативната кариера. Германската легенда од која само двајца имаат повеќе настапи за „панцирите“ синоќа со прекрасен гол од 25 метри кој беше доволен за победа над Англија се прости од германскиот дрес.
– Сето ова го доживеав како на филм и ќе го паметам цел живот. Мислам дека никој не можеше да напише поубаво сценарио. Беше одличен меч, победивме, постигнав гол, па мислам дека тоа е најдобар начин за да се каже збогум. Бог ми даде сила на левата нога и тоа го искористив. Горд сум на овие 13 години. Се наежив од возбуда по овациите на трибините – изјави Подолски.
По цели 13 одиграни години репрезентативен фудбал, 31-годишниот Подолски запиша 130 натпревари, постигна 48 гола и освои еден златен медал со селекцијата на Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.