Расел Вестбрук во лесната победа на Оклахома против Филаделфија од 122-97 го запиша својот 35-ти „трипл-дабл“ сезонава.
Но, овој пат, неговиот учинок е прв таков во историјата на НБА лигата. До него стигна со перфектен ефект од игра, но и од линијата за слободни фрлања. Одличниот кошаркар во само 30 минути, колку што мина на теренот, постигна 18 поени со шут 6/6 од игра, но и 6/6 од линијата за слободни фрлања. На сето тоа дополни и 11 скока и 14 асистенции.
Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ, пак, продолжува да го предводи Денвер во борбата за плеј-офот, сега со одлична партија против шампионот Кливленд за победа од 126-113.
Јокиќ за 28 минути на паркетот постигна 16 поени, 10 скока и 7 асистенции. Тимот од Колорадо сега зачува две победи повеќе во однос на деветопласирниот тим на Западот, Портланд кој има и натпревар помалку.
Покрај Јокиќ најефикасен во редовите на домашните беше Гери Херис со 21 поен, додека кај Кливленд , Леброн Џејмс постигна 18 поени, дополнети со шест скока и пет асистенции.
НБА резултати:
Орландо – Шарлот 102-109, Бостон – Индијана 109 – 100, Чикаго – Детроит 117-95, Оклахома – Филаделфија 122-97, Вашингтон – Атланта 104-100, Денвер – Кливленд 123-113, Сакраменто – Милвоки 98-116, Јута – Њујорк 108-101.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)