| четврток, 6 декември 2018 |

Чех го скина бутниот мускул, го чека подолга пауза

ceh

Арсен Венгер нема да може да смета на голманот Петр Чех во следниот еден месец, по повредата заработена на дуелот со ВБА. Чехот по повредата беше заменет од Давид Оспина, а магнетната резонанца покажа кинење на мускулот и 30-40 дена ќе биде надвор од фудбалските терени.

Чех нема да застане на голот за дербито со Манчестер сити, како и натпреварите со Вест хем, Кристал Палас и Мидлсброу. Некогашниот голман на Рен и Челзи се очекува да се врати на терените во полуфиналето од ФА Купот на 23 април против Манчестер сити.

Арсенал и оваа сезона не може глава да крене од повреди, па по Алексис Санчез, уште еден многу значаен фудбалер на „топџиите“ нема да биде во можност да настапи во првата половина од април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top