| четврток, 6 декември 2018 |

Никој не може да го сопре овој народ-Скопје 24-ти ден маршираше „За заедничка Македонија“(Снимка од дрон)

Граѓани на Скопје вечерва повторно со масовен марш низ улиците на градот ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, со цел да ја искажат својата загриженост за иднината на државата и во одбрана на унитарноста на Република Македонија.

Скопјани јасно и гласно вечерва кажаа дека НЕ сакаат двојазичност во нивниот град, како и на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб.

Освен во Скопје, вечерва протести „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ се одржуваат во 23 градoви во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top