| четврток, 6 декември 2018 |

Ристе Велков, првенец при МОБ: Туѓата платформа го разбуди гласот кај Македонецот

Ристе Велков, првенец при Македонската опера и балет (МОБ) вечерва се обрати пред присутните граѓани кои дојдоа да дадат поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

– Туѓата платформа го разбуди гласот кај Македонецот. Сплотени како еден тука сме за нашата Македонија, за татковината, за заедничка Македонија. Сите оние кои се дрзнавте и си земавте за право да ја уништите унитарноста на Македонија, го разбудивте гласот на Македонец. 24 ден, цела Македонија ви дава до знаење дека тоа нема да го дозволи Македонскиот народ. Ја навредија нашата интелигенција, си играат со нашето трпение, мислат дека ништо не знаеме, нели? Баравте се, а не дадовте ништо. Лазите како змии во Македонија и велите дека се е правда, а кога ќе се видите  во огледало знаете дека се е лага. Македонија имала, се уште има и ќе има синови и ќерки кои ќе ја сакаат и ќе ја чуваат. Македонија има горди и лојални граѓани кои знаат што е што значи зборот Татковина во вистинска смисла. Беден е оној кој нема татковина, мајковите, дедовина, кој нема каде коските да ги положи, кој нема кој да го исплаче. Затоа, мои горди Македонци, нема да дозволиме да бидеме врба без корен. Главата горе, горди Македонци – истакна вечерва Велков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top