| четврток, 6 декември 2018 |

Од Палома Бјанка до Градска – 120.000 граѓани пред Собрание му порачаа на Хан: Македонија не ја даваме (ФОТО+ВИДЕО)

Преку 250.000 граѓани се одѕваа на повикот на граѓанската иницијатива За заедничка Македонија и пред Собранието ан РМ достоинтвено да му порачаа на евркомесарот Хан дека нема да отстапат ни педа од својата земја. Ова е Македонија, оваа земја е нашата татковина, порачаа во еден глас Македонците.

Цело Скопје вечерва се крена на нозе за заштита на унитарниот карактер на Македонија, давајќи поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Над 120.000 граѓани ги преполнија скопските улици, од Градската Болница до Палома Бјанка.

Со Македонски знамиња, песни и транспаренти, граѓаните на најголемиот протест досега испратија порака дека нема да дозволат разнебитување на Македонија.

На протестот се обрати Богдан Илиевски, член на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кој посочи дека е време еврокомесарот Хан да ги дознае аргументите и причините поради кои македонскиот народ протестира повеќе од 20 дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top