| четврток, 6 декември 2018 |

Теодосиќ се подготвува за Словенија

Плејмејкерот на Србија иако се повреди, има шанси да игра во Словенија

Milos teodosic

Арменците објавија дека се очекува српскиот кошаркарски интернационалец следните два месеца да ги мине надвор од теренот, меѓутоа постои можност по пауза од 30 дена, тој да се приклучи на подготовките на репрезентацијата на нашиот северен сосед.

Ситуацијата внимателно ја следат луѓето од Српската кошаркарска федерација, а одлуката каде Теодосиќ ќе го мине периодот на опоравување ќе биде донесена откако ќе се врати во руската престолнина од Минхен, каде што бил на консултации.

На официјалната интернет-страница на московскиот тим се наведува дека Теодосиќ скинал мускул на листот, но, за среќа, тетивите и коската не се повредени, па не е неопходна ниту операција.

Инаку, првите проценки на лекарите во ЦСКА велеа дека Теодосиќ би требало да паузира од два до четири месеца.

Српскиот плејмејкер се повреди минатиот викенд во дуелот со Химки. Сезонава тој просечно бележи по 10,2 поени и 3,9 асистенции во регионалната ВТБ лига, додека во елитниот континентален ранг имаше ефект од 12,7 поени, 4,9 асистенции и 2,8 скокови на меч.

Да потсетиме, Европското кошаркарско првенство на кое Македонија ќе го брани 4-то место ќе се одржи од 4 до 22 септември во Словенија, а групата во Јесенице покрај нашата селекција, ја дополнуваат токму Србија, како и Летонија, Литванија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top