| четврток, 6 декември 2018 |

Четвртфиналето меѓу Баерн и Реал на „Алијанц Арена“ сакаат да го гледаат повеќе од 200.000 гледачи!

baern i real

Претстојниот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид предизвика вистинско лудило кај навивачите. Повеќе од 200.000 барања за билети пристигнале на адреса на германскиот првак.

Сите сакаат во живо, на „Алијанц Арена“ да го следат првиот меч, кој се игра на 12 април. Челниците на Баерн ги замолиле навивачите веќе да не поднесуваат барања за билети, бидејќи стадионот едвај може да собере 70.000 гледачи.

Баерн има 35.000 навивачи со годишни билети и тие имаат право за следење на дуелите од Лигата на шампионите. Според правилата, билети треба да добијат и гостите. За Реал се предвидени 3.779 влезници. Тоа значи дека во продажба ќе останат само околу 30.000 билети. Тоа значи дека речиси еден од десетте навивачи кои побарале да купат билет за четвртфиналето, ќе имаат можност да бидат дел од „Алијанц Арена“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top