| четврток, 6 декември 2018 |

Бастијан Швајнштајгер се договори со Чикаго Фајр

bastijan svajnstajger

Германецот Бастијан Швајнштајгер ги напушта редовите на Манчестер Јунајтед и се сели во МЛС Лигата, во тимот на Чикаго Фајр. За трансферот на германскиот фудбалер се зборуваше неколку месеци, но тоа сега доби и официјална потврда.

– Во текот на кариерата од секогаш барав можност да бидам од корист за клубот во кој настапува. Се надевам дека тоа така ќе биде и со мојот следен клуб. Моето доаѓање во Чикаго нема да биде ништо поразлично. Убеден сум дека клубот има визија и филозофија и сакам да помогнам во тој проект – изјави популарниот „Швајни“.

32-годишниот Швајнштајгер во кариерата има настапувано и во Баерн Минхен, а со тимот на Чикаго потпиша едногодишен договор, според кој ќе заработува 4,5 милиони евра. Во тимот на Манчестер Јунајтед пристигна како големо засилување во 2015 година, но одигра само 15 натпревари и постигна еден гол.

Тренер на клубот на Чикаго Фајр е Србинот Вељко Пауновиќ, а со оглед дека негова сопруга е Ана Ивановиќ, очигледно дека Германецот ќе има голема подршка како во тимот така и на трибините, со оглед дека во Чикаго живеат голем број на Срби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top