Жерар Пике нема да присуствуа на свадбата на неговиот пријател и сограч од редовите на Барселона, Лионел Меси.
Според шпанските медиумите, свршеницата на Меси, Антонела Рокуцо и сопругата на Пике, познатата пејачка Шакира, не се во добри односи.
Весникот „Ел Паис” пишува дека причината е тоа што Рокуцо е блиска пријателка со поранешната девојка на Пике, Нурија Томас, со која тој не остана во добри односи по раскинувањето, бидејќи брзо почна нова врска со Колумбијката.
Пике и Шакира се запознале на снимањето на промотивното видео за Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, а во тој период фудбалерот сè уште бил во врска со Нурија.
Сè уште не се знае точниот датум на свадбата на Меси и Антонела, но се претпоставува дека тоа ќе биде кон средината на јуни, кога играчот нема да има обврски со репрезентацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.