| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобилски „дрифтови“ пред Веро Тафталиџе, полицијата не реагира

Граѓаните на Скопје што живеат во близина на Веро Тафталиџе реагираат дека секоја недела после 22 часот, паркингот пред супермаркетот се претвора во полигон за дрифтање и покажување на вештините со автомобилите, пишува Кајгана.

Според она што го објавуваат корисниците на социјалните мрежи, ваквите собири се случуваат подолго време односно неколку години. Тие велат дека постојано реагираат за нарушувањето на јавниот ред и мир и предизвикувањето опасност за пешачите и останатите возачи, но досега ниту една служба не реагирала.

Жителите на населбата исто така нагласуваат дека постојано пријавуваат во полиција, но иако полицијата доаѓа, тие не преземаат ништо за да ги спречат..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top