Откако стана прва дама, Мелани Трамп, новинарите континуирано ја опседнуваат. Сакаат да ја дознаат секоја нејзина интимна приказна, да ги откријат пикантериите, но и да нушкаат во односот кој го има со својот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп.
За неа, Си- Ен- Ен подготви видео, фокусирано на тоа како се прилагодува во улогата на првата дама. Како што заклучува оваа медиумска куќа, Меланија е „една од најинтересните фигури во администрацијата на Трамп“.
Во интервјуто се посветија на првите години на Меланија и нејзиниот престој во САД, како и нејзината прва средба со 45 претседател на САД.
-Се запознавме на забавата по повод модна ревија која ја организираше мојот пријател. Тоа беше на Неделата на модата во Њујорк. Така се запознавме јас и Доналд, изјави првата дама за Си- Ен- Ен.
Забавата била во септември 1998 година во Кит Кет клубот.
-Требаше да се запознаам со некој друг… еден супермодел. Но не бев заинтересиран. Реков, заборави ја неа, која е таа од левата страна?“, прашал Трамп тогаш покажувајќи на својата идна сопруга.
Трамп тогаш ја запоставил својата придружничка и опиен од убавината на Меланија, ја молел манекенката да му го даде својот број на телефон. Таа го одбила, а тој и ги дал на нејзе своите броеви од телефонот и побарал да му се јави.
Меланија пак по недела дена го побарала Трамп и тој се согласил да излезе со неа.
Трамп набрзо ја шармирал. Истакна дека и се допаднало тоа што е брз на јазик, интелегентен и полетен.
Нивната врска дошла на искушение во 2000 година, баш во време кога милионерот за прв пат имаше намера да се кандидира за претседател на САД, но љубовта се чини била посилна. Се верија во 2004 година, Меланија доби прстен од два милиони долари. Наскоро потоа се пресели на Петтата авенија во популарната кула на Трамп.
Година дена подоцна, го добиија наследникот Барон Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)