| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарци маршираше „За заедничка Македонија“

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва реализираше протестен марш во Кавадарци. Пред присутните се обрати Акександар Панов, кој рече дека не прифаќаат никаква Тиранска платформа.

-Никакви тирански договори преговори и заговори создадени во туѓи држави и од туѓи политичари, не смееме да дозволиме да ја разнебидат и да ја урнисат нашта историска, нашата вековна, нашата библиска татковина Македонија. Зашто таа е се што имаме и што ни остана заветно од нашите родители, нагласи тој.

Притоа додаде дека една земја, една нација, еден народ не може да се прекројуваат како шамивче по туѓи желби и намери.

-Затоа браќа и сестри да се здружиме сите заедно во одбрана на нашата историски создадена држава, одбрана на нашиот убав македонски јазик, нашата вековна нација, грбот химната и одбрана на нашето преубаво и од Бога дадено име Македонија. Да не дозволиме никакви туѓи орли да слетаат на нашето црвено жолто знаме. Да се сплотиме сите заедно без разлика кои сме и какви сме, зашто иста судбина делиме. Да се сплотиме сите заедно браќа и сестри во одбрана на унитарна Македонија, на единствена Македонија, на вечна Македонија, рече тој, најавувајќи протест и за утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top