| четврток, 6 декември 2018 |

Трап ќе го менува Нојер меѓу стативите на „панцири“

kevin trap

Германскиот селектор Јоаким Лев се соочи со неочекуван проблем откако првиот голман Мануел Нојер отпадна од комбинација за настап на следните две средби на светските шампиони, против селекциие на Англија и на Азербејџан. Германците најпрвин в среда ќе играат пријателски натпревар со Англија во Дортмунд, по што на 26 март ги очекува гостувањето во Азербејџан во рамките од квалификациите за СП 2018.

Нојер вчера настапи на гостувањето против Борусија Менхенгладбах носејќи му на Баерн победа од 0-1, па токму затоа изненадувачка е денешната информација дека одличниот голман се мачи со повреда на мускулот на ногата.

Лев експресно реагираше и на негово место го повика чуварот на мрежата на ПСЖ, Кевин Трап, иако се очекува улогата на прв голман и на двата натпревари да ја има Марк Андре Тер Штеген од Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top