Ким Кардашијан повторно го реактуелизираше грабежот од Париз, отворено зборувајќи за вознемирувачката тема во последната епизода на Keeping Up With The Kardashians.
-Ме фати за нозете, а јас не бев облечена. Ме повлече кон себе на средина од креветот и си помислив – Ок, ова е моментот кога ќе ме силуваат. Почнав ментално да се подготвувам за чинот, но тој не го направи тоа. Ми го врза нозете и впери пиштол во мене. Бев сигурна дека ќе ми пукаат во глава, вели таа.
Грабежот на Кардашијан беше најголемиот грабеж во Франција извршен врз некоја личност во изминатите 20 години. Од тогаш беа приведени 17 луѓе поврзани со инцидентот од кои против 10 е покренато обвинение. Крадците украдоа накит во вредност од 10 милиони долари, меѓу кој и 20 каратниот свршенички прстен на Ким.
Реалити ѕвездата вели дека го молела хотелскиот консиер да и им каже на напаѓачите дека има деца.
-Само прашував: Дали ќе умреме? Тие не ме разбираат, ќе ве молам кажете им дека имам деца. Имам семејство, нека ме остават да живеам!
Иако Ким заврши со пиштол вперен во глава, крадците на крајот ја затворија во бањата и избегаа, искуство поради некое неколку месеци не се појавуваше во јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)